(ВИДЕО) Пендаровски на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната

Од:

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

Во видео обраќањето претседателот Пендаровски истакна дека вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот, без одлагање, е од клучно значење. За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, како што рече претседателот Пендаровски, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. Претседателот Пендаровски изрази поддршка на заедничките глобални цели за справување со пандемијата од Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

„Ниту една земја не може сама да ја запре оваа пандемија. Потребно е да соработуваме, да се поддржуваме едни со други и да запомниме дека Ковид-19 не е под контрола никаде се додека не е под контрола секаде. Северна Македонија ги поддржува заедничките глобални цели кои беа презентирани денес од страна на Претседателот на САД, Џо Бајден, и ги смета истите за клучни за да се запре оваа закана.

Вакцинацијата ширум светот, без одлагање, е од клучно значење. Додека јас зборувам, 55% од населението во Северна Македонија веќе е вакцинирано со барем една доза. Оттука, апсолутно сме сигурни и даваме ветување за целосно вакцинирање на најмалку 70% од населението до крајот на оваа година. Меѓутоа, за да ја достигнеме оваа цел на глобално ниво што е можно поскоро, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. А, во исто време, треба да се бориме со деструктивните ефекти од лажните вести и кампањите за дезинформација со ширење на вистина и транспарентност.

Вакцинацијата сама по себе не е доволна. За да го излечиме светот, мораме да поставиме основи на поотпорен, интегриран, праведен и инклузивен глобален здравствен систем кој ќе ни помогне да спречиме, откриеме, реагираме и закрепнеме од какви било идни пандемии или други глобални здравствени закани“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!