(ВИДЕО) Пендаровски на трибина со младите: За европска иднина, напред заедно!

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, или како што младите рекоа нивниот најголем сојузник и поборник за реализација на нивните права и европска иднина, учествуваше на отворената младинска трибина насловена „Get up, stand up“.

Заедно, порача Пендаровски, да одиме напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни. Заедно да овозможиме нови перспективи за вас, младите, за образование, пракса, патување, школување, работа.

„Позитивните промени секаде ги носат младите генерации. Без млади на улиците ние не можевме да го срушиме режимот на Груевски со пенкало. За прв пат во историјата на нашата татковина младите излегоа на улица, благодарение на вас младите успеавме да срушиме автократски режим на избори и без насилство. Благодарение на младите оваа земја тргна напред. Сега е важно да продолжиме. Гледаме раст на странските инвестиции, гледаме ефекти од гаранција за млади и вработени 1.800 ваши врсници во само три општини, младите имаат шанси, отворени перспективи, ајде заедно да ги искористиме. Интеграцијата дефинитивно носи најмногу придобвки пред се за младите„ рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека гласот за концептот што го предводи тој, за напредок, за членството во ЕУ и НАТО, е глас за отворање на повеќе можности за младите луѓе за европска иднина!

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он