(ВИДЕО) Пендаровски: Мојот впечаток е дека сум следен, но сакам официјален орган да ми каже дали е тоа точно

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби, премеирот Зоран Заев потенцира дека Пендаровски е безбеден. Утврдено е, посочи, дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни, посочи премиерот по денешниот марш на жените организиран од Форумот на жени на СДСМ.

– Веројатно има се уште одредени луѓе кои во својата глава прават можности за навoдни конструкции, за тајни планови, работат со квази патриотски здруженија и слично. Веројатно потребата им беше за алудирање тука, јас го знам заради тоа што тоа се апсолутно согледливи состојби што се случуваат во нашата земја. Дефинитивно нашата земја е безбедна, сигурна и стабилна, изјави Заев.

Прашан дали ќе и се извини на опозицијата која беше посочена како тајна служба, Заев меѓу другото истакна дека нема намера да се извини.

Пендаровски информираше дека вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.

– Ако ме прашувате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.

– Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам, рече Пендаровски, потенцирајќи дека неговиот впечаток е дека е следен, но, како што рече, сака официјален орган да му каже дали е тоа точно и се разбира, дали е само тој предмет на следење.

Тој изрази надеж дека надлежните служби си ја вршат работата и оти сите граѓаните, не само јавните личности имаат доволна заштита, не само предизборен период, туку и потоа.

 

 

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ