(ВИДЕО) Пендаровски-Милановиќ: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, на средбата била констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО.

Двајцата претседатели разговараа за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакна дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодари за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачаа дека деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа.

На средбата стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Северна Македонија при што беше нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и беше изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!