(ВИДЕО) Пендаровски-Мицотакис: Економската соработка треба да биде темелот на односите меѓу двете држави

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Хеленската Република, денеска во Атина оствари средба со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис.

На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република, при што беше оценето дека официјалната посета на највисоко ниво означува важен момент во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски оцени дека постои видно подобрување на билатералните односи меѓу двете држави по потпишувањето на Преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од взаемен интерес.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека треба да се искористи целиот потенцијал и двете држави да градат вистинско стратешко парнерство.

Соговорниците на средбата разговараа за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше изразено задоволство од трендот на зголемување на трговската размена. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека економската соработка треба да биде темелот на односите меѓу двете држави, имајќи ги предвид придобивките за економиите на двете страни. Во таа насока, беше истакната потребата за натамошен развој на инфраструктурното поврзување меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка што Хеленската Република ја дава за апсирациите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, оценувајќи дека деблокадата на процесот ќе придонесе за стабилноста и напредокот на целиот регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски