(ВИДЕО) Пендаровски: Кризата нема да се решава по насилен пат

Од:

По сите проценки, не само мои, се наоѓаме во последната фаза на расплетот на политичката криза, вели Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ на претходните избори, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Постојано сте на протестите на Шарената револуција, активен сте и со години на страната на опозицијата. Какви се вашите прогнози? До кога Македонија може да издржи во ситуација во која официјално од партиите велат дека нема преговори за надминување на кризата, а протестите се сериозни и секојдневни на улиците?

Ако Македонија можеше да издржи десет години мека диктатура, нема причина да не издржи уште некој месец за да дојдеме конечно до слободата. Јас знам дека ова е голема казна во однос на економскиот систем на државата, во однос на тоа што граѓаните очекуваат во еден нормален амбиент кога би се правел бизнисот, меѓутоа ние сме со години, за жал, во една вонредна состојба предизвикана од оваа влада која е генератор на сите проблеми во Македонија во изминатава декада. И не гледам дека тие можат поинаку да се однесуваат, и во вонредни околности, за жал, граѓаните ќе трпат. Јас би апелирал до сите, знам дека е тешко и знам дека многумина од нив размислуваат, ако продолжи оваа агонија, да се иселат од Македонија, наместо да чекаат некоја позитивна политичка промена, меѓутоа јас би апелирал до сите нив да причекаат, бидејќи по сите проценки, не само мои, се наоѓаме во последната фаза на расплетот на политичката криза.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат