(ВИДЕО) Пендаровски: Граѓаните против узурпаторите на власт

Од:

Би сакал да почнам со најважното, според мене. Или, да апелирам за најнеопходното. Моја проценка е дека ние мораме во наредниве 5-6 месеци да бидеме посплотени како народ, како граѓани отколку што бевме во 1991-ва кога ја правевме Македонија. Зошто? Затоа што тогаш Македонија имаше многу непријатели од надвор, кои не сакаа да ја биде современата македонска држава по прв пат во историјата. Но, точно е дека имавме и луѓе од надвор кои ни помагаа да ја устоличиме македонската држава, рече Стево Пендаровски од Охрид.

Денеска нашиот најголем непријател се наоѓа во Скопје. Тие се најголемиот противник на македонската слобода и демократија. Тоа е Владата на РМ.

И вториот момент треба да го знаете, оние што не го знаат, да си го стават во главата. Овој пат, за лошо или за арно, никој од надвор нема да ни помогне. Мислам дека е најправедно против исклучително лошата македонска власт, да застанеме ние, македонските граѓани. Нема друг пат.

Значи, ниту ќе помага некој од надвор, ниту не’ загрозува некој од надвор. Самите мораме да излеземе од оваа кал во која не’ втурна оваа мала група во Скопје, која ја узурпираше политичката власт.

Почитувани пријатели, забележувате, овој сегмент кој Радмила го зборуваше за меѓународниот аспект, ние сосема заборавивме да се споредуваме со светот. Нас воопшто, на ниту една телевизија нема да видите, не не’ интересира што прават другиве околу нас. Ние како да сме самите на себе доволни.

Еве ви го последниот Самит, голем, крупен политички настан, еден од најголемите во регионот кој се случи пред два дена во Белград. Беше голем Самит на земјите од Централна и Источна Европа со НР Кина, онаа велесила во економска смисла, светски гигант доаѓа во Белград.

Шеснаесет премиери се таму од сите страни слушаме конкретни проекти што сакаат да направат во соработка со таа велесила, а нашиве имаат едно неверојатно образложение кое гледам никој не го коментира, нашиот шеф на делегацијата таму вели ние сме понапред од овие што се дојдени овде.

16 премиери трчаат по кинескиот премиер, го влечат за рака, буквално, за да можат дел од таа нивна голема економска енергија и потенцијал, да ја искористат за инвестиции во својата земја. Само нашиве двајца први луѓе во Владата со денови одат и договараат со Саудиска Арабија инвестиции.

Почитувани пријатели да знаете, Саудиска Арабија извезува само две работи во светот, нафта и вахабизам. Мене ме интересира што од тоа имаат договорено да го увеземе?

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он