ВИДЕО: Пендаровски го испрати Иванов од претседателската вила на Водно

Од:

По официјалната церемонија на примопредавање на претседателската функција, Стево Пендаровски го испрати неговиот претходник Ѓорге Иванов од претседателската вила на Водно. Двајцата претседатели се ракуваа и имаа средба на која пендаровски се започна со новиот кабинет во кој ќе ја извршува функцијата во наредните пет години.

Во меѓувреме на Вилата на Водно на средби ќе пристигне и бугарскиот претседател Румен Радев, а планирана е и средба со претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Претходно Пендаровски имаше средба и со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, додека со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи не успеал да оствари средба поради набиената агенда.

Иванов заминува од вилата на Водно по двата претседателски мандати. Тој претходно на Фејсбук обави фамилијарна фотографија со која се збогува со граѓаните и порача : ,,Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија.Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува”.

Иванов ја искористи законската можност на претседателска пензија и доживотно ќе има на располагање кабинет, обезбедување и службено возило.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски