(ВИДЕО) Пендаровски-Фајон: Благодарност за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Тања Фајон, вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Република Словенија, која престојува во посета на Република Северна Македонија.

„На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и беше истакната посветеноста за натамошно јакнење на партнерството и унапредување на пријателството.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија. Соговорниците споделија мислења и информации за извештајот на Европската комисија и оценија дека тој е јасен патоказ за понатамошно спроведување на домашните реформи“, известуваат од претседателскиот кабинет.

На средбата се разговараше и за предизвиците од енергетската и економска криза, војната во Украина, како и регионалната соработка, европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан, се додава во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски