ВИДЕО: Пазарниот инспекторат затвори 40 кафемати и четири угостителски објекти за три дена

Од:

Пазарниот инспекторат за три дена затворил четири угостителски објекти. Инспекторите исконтролирале 547 објекти, а исто така, забраниле употреба на 40 кафемати во три градови. Дел од нив биле поставени на бензиски пумпи, но и други локации.

„Од 6 до 8 април, во период од три дена, спроведени се 1346 надзори. 547 надзори се од пазарниот инспекторат, каде дел се однесуваат на работата на угостителските објекти. Затворени се 4 угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово. Од визуелната обиколка е констатирано дека угостителите ја почитуваат забраната за работа“ информираше Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Според неа, констатирано било и дека има зголемени цени на производи, кои пак, трговците не смееле да ги покачуваат поради забраната од Владата.

„Контролирани беа и кафематите на бензинските пумпи но и други локации. Забранети за употреба се 40 кафемати во Скопје, Охрид и Гостивар. Се вршеа и контроли на замрзнатите цени на одредени производи, при што констатирано е дека мал дел на зголемени цени, при што е соодветно постапено и цените се вратени како на 11 март“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on