Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вели дека инспекторите запечатиле неколку кафемати во трговски објекти, како и на бензиски пумпи, со цел да се спречи собирање на групи, согласно одлуката на Владата.
„Имаше злоупотреба онаму каде се издаваше кафе од кафемати, како на бензиски и во трговски објекти. Таа постапка е при крај. Имаме 42-43 кафемати со налепница од Државниот пазарен инспекторат. Тоа го правиме со цел, не да забраниме луѓето да пијат кафе, туку да забраниме собирање на луѓе, односно да се почитува одлуката на Владата. Се она што нема да биде почитувано, ќе биде санкционирано“, рече Пауновски.
Тој кажа дека во Битола се затворени 15 објекти поради непочитување на мерките на Владата.
„16 обкејти се затворени во Битола, во овој период. Не ги почитувале одлуките на Владата. Најголемиот дел од граѓаните и правните субјекти во Битола ги почитуваат одлуките на Владата, но имаме и непочитување на одлуките“, кажа тој.
Претходно, најголем дел од контролите во овие пет дена, вкупно 4261, ги направи Државниот пазарен инспекторат. Од нив, 823 се однесуваат на замрзнатите цени на одредени производи, а останатите се однесуваат на контрола на работата на трговските, услужни и објекти.