ВИДЕО: Партнерството со Велика Британија ќе продолжи и во иднина во областите од заеднички интерес

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на неговото височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.

На вечерата, како што стои во соопштението од владината прес служба, премиерот Заев и принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.

Во своето обраќање, неговото височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета.

На вечерата премиерот Заев и принцот Едвард изразиле согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.

Би можело да ве интересира

Заев: Следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра

А1он

27 организации со осуда за изјавата на Заев

Татјана Ташкова

Национална мрежа за борба против хомофобијата до Зaeв: Педер не е ничија карактерна особина

А1он

Совет за етика: Изјавата на Заев е недолична и несоодветна за носител на јавна функција

А1он

ССНМ: Заев да внимава што зборува за новинарите

ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување