(ВИДЕО) Пародија на СДММ Св.Николе: Отворање тениско игралиште

Од:

„Денес се собравме во огромен број, со огромно задоцнување, свечено да отвориме уште еден од нашите 2046 пропаднати проекти. Проекти кои имаат за цел само да ви ги замачкаат очите, да ви ги испразнат џебовите и секако, да ги натежнат нашите џебови од провизии.

Со нашите владини проекти, доведовме и до намалување на стапката на невработеност. Испразнетите џебови, непросперитетот, зацрнетата иднина која ја наметнуваме, ги натера работоспособните млади да си заминат од државава и среќата да си ја побараат надвор од нашите граници. Денеска сме овде во Свети Николе тоа и официјално да го направиме, како што личи, со сечење лента и со медиуми кои ќе не испофалат“, изјавија од СДММ Свети Николе.

„Јас, Вашиот нелегитимно избраниот, самоизгласаниот премиер во заминување, заедно со нелегитимниот градоначалник Зоран (како се презиваше?) и пратеничката – фотомодел од Свети Николе, заедно со моите министри, лудаци, денеска дојдовме да отвориме уште едно тениско игралиште, коe како и сите други досега отворени, ќе служи само за сечење лента, фотосесија и полнење на вестите по нашите провладини – куртон медиуми, дека сепак се гради.

Со огромно задоволство би сакал да кажам дека насоро пак ќе се дружиме овде со уште две нови инвестиции, кравите на Субрата Рој, кои се пратени од Индија, но многу споро се движат по пат и Печуркарата на Овче Поле, за која веќе и го почнавме извозот од студентскиот дом Гоце Делчев.

Морам да додадам дека денес не дојдов со мојот луксузен мерцедес, бидејќи ќе треба ремонт да направам после возењето по улиците во Свети Николе. Но тоа веќе е друга тема, па да се вратиме на темата за која сме сите собрани овде.

Денеска ќе бидете сведоци на јубилејно сечење на црна лента за отварање на еден наш нов, владин капитален објект, кој исто така не допринесува во ништо кое што би ви го олеснило и подобрило начинот на живеење, но сигурно допринесува кон иселување на вашите најмили синови и ќерки. Црната лента нека биде само симбол на нашето владеење.

Да не одолговлекуваме, и онака треба да одам да отворам прозор во училиште, а вашиот Крадоначалник секако нема што да каже бидејќи е нема фигура која извршува мои заповеди, Ве повикувам свечено да го отвориме игралиштето за кое искрено се надевам дека ќе биде место за одлична рекреација и забава на пензионерите, кои и онака се единствените кои останаа во Свети Николе.
Можеби некој од нив и професионално ќе се пронајде во овој спорт, но, секако, нема да биде подобар од мене, бидејќи јас сум РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН ВО МК.

Нека е со среќа новото тениско игралиште.

Ако нема кој да игра, слободно правете ајвар на него, само пазете да не ја запалите мрежата“, рекоа од СДММ Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска