(ВИДЕО) Пародии за спотот на ВМРО-ДПМНЕ: По космодискот на Иванов, оскар за исправањето кичми на Мицкоски

Од:

Не помина ниту ден, од објавувањето на рекламното видео на ВМРО-ДПМНЕ со подвиткана кичма, а веќе се појавија неколку пародии на социјалните мрежи. Спотот на партијата за привлекување на гласачи за избори, многумина ги потсети на рекламите за „Космодиск“, но и гафовите на експретседателот Ѓорѓе Иванов.

По него, сега Мицкоски ќе исправува кичми, па од спотот за изборите е направена реклама за справување со болки во р’бетот.

Од еден од најпопуларните скечови К-15 за „скршената кичма“, е направена уште една пародија на рекламното видео на ВМРО-ДПМНЕ.

Алудирајќи на Христијан Мицкоски и одењето во теретана во сред пандемија кога фитнес центрите не смеат да работат, на твитер се коментира и „После вежбање грб со инструктор Мицко“.

Спотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој завршува откако Мицкоски поминувајќи покрај жена со бебешка количка ќе ја допре за раката и таа ќе се исправи, предизвика многу коментари:

Некои од твитерџиите оценија дека изборниот рекламен спот на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде испратен на Оскари.

Следниот изборен спот, дел од корисниците на „Твитер“ сметаат дека ќе биде: „Како да запалите оган“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски