(ВИДЕО) Парада на гордоста: Со „Љубов вон ѕидовите“ се маршира во Скопје

Од:

Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред Парада на гордоста, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Стотна учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.

На настанот учество земаа бројни познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу останатите, присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. Присутни се и министрите Мила Царовска, Јагода Шахпаска, Радмила Шекеринска.

Низ скопските улици се носеа и транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“. Учесниците на парадата се забавуваа и пееја додека пешачеа до Градскиот парк. Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, соопштија организаторите.

За во Градскиот парк е најавена и музичка програма, како дел од настанот.

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

„Спектакуларно непослушни“ – Парада на гордоста во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Владика повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата во Србија, па и премиерката Брнабиќ

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Полицијата ја растури Парадата на гордоста во Истанбул, десетици уапсени

Катерина Ѓуровски