Втора Парада на гордоста во Скопје

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

– Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

Поради одржување на Парадата на гордоста најавен е изменет сообраќаен режим во главниот град.

– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот, информираа од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Владика повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата во Србија, па и премиерката Брнабиќ

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Полицијата ја растури Парадата на гордоста во Истанбул, десетици уапсени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Парада на гордоста во Атина

ВИДЕО: Во Приштина на 40 степени се одржа петтата Парада на гордоста

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Парада на гордоста: Со „Љубов вон ѕидовите“ се маршира во Скопје

Кристијан Ландов