ВИДЕО: Пајак службата подига возила од пред куќите во Козле

Од:

Неколку камиони на пајак службата вчера доцна во ноќта подигаше автомобили на главната улица во населбата Козле.

Граѓаните се жалат дека автомобилите им ги подигаат од пред куќите, а пајак службата доаѓа навечер тајно и без ротациони светла за предупредување.

Дел од жителите на Козле пријавувале во полиција мислејќи дека некој им ги украл возилата додека не добијат одговор дека возилото им е на платото под железничката станица и за да си го земат треба да платат.

Акцијата на пајак службата ги вознемири граѓаните. Вработените на прашањето зошто им ги подигаат автомобилите од пред домовите одговарале дека така им е наредено без да посочат од кој.

Според тврдењата на жителите уште кога се реконструирала главната улица во Козле им било посочено дека тротоарите не се подигаат намерно и дека ќе ги постават на иста висина како со улицата за да можат да ги паркираат автомобилите.

Едно од прашањата кои ги збуни жителите е што доколу некој им дојде на гости, а единствено место за паркинг е тротоарот пред куќата.

Би можело да ве интересира

Изгоре куќа во скопско Козле

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози