(ВИДЕО) Пахор: Северна Македонија направи и повеќе од сè, а не доби ништо

Од:

Словенечниот претседател Борут Пахор во своето излагање на Бледскиот стратешки форум застана во одбрана на Македонија и нејзиното членство во Европската Унија.

„Во моментов преговорите со Северна Македонија и со Албанија се ставени на чекање. Проблемот не е веќе само политички, ситуацијата стана морална грижа на Европската Унија. Што направи Македонија за нејзината европска перспектива? Сè дури и повеќе. А што доби за возврат? Ништо и повеќе од ништо. Во оваа смисла интеграцијата на ЕУ е на тест. Се обидувам да разберам дека Еу проширувањето не е приоритет во овој момент, имајќи ги во предвид сите проблеми во унијата и надвор од неа. Но се уште верувам дека напорите да се постигне напредок во преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да останат приоритет се додека не се реши проблемот“, рече словенечкиот претседател Пахор.

На маргините на Бледскиот стратешки форум, македонскиот премиер Зоран Заев оствари средба со претседателот Пахор, при што како што известија од Владата, ја поздравил определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето.

На еден од панелите на Бледскиот стратешки форум, албанскиот премиер Еди Рама исто така застана на страната на Македонија, обраќајќи се кон бугарскиот претседател Румен Радев со зборовите „Не бидете европјани, бидете балканци и одблокирајте го патот“.

На годинешниот Бледски стратешки форум во Словенија, учествуваат многу шефови на држави и влади од регионот и Европа, официјални највисоки претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери