ВИДЕО: Отстранувањето на базата на Нефи Усеини театар за јавноста – работници си работат, таа е на истото место

Од:

Бетонската база на Нефи Усеини си стои, останаа извадени само силосите, во кои направениот бетон се складираше. И по две години откако нелегално и без никаква дозвола ја изгради, таа остана неотстранета на парцелата од Исламската верска заедница. За овој нелегален објект на стотина метри од Охридското Езеро има и истрага од тамошното Обвинителство, но, и таа е заглавена скоро исто толку време колку што постои и базата. Рушењето почна пред парламентарните избори, но не се доврши. Извадените силоси кои служат за складирање и проширеното тампонирање на парцелата, се единствените разлики од пред една година.

„А1он“ направи и снимки од дрон, на кои се гледа дека на местото каде е бетонската база работат работници, што укажува на можноста Усеини и натаму да произведува бетон. На локацијата имаше три камиони, од кои едниот наполнет со песок. Но, исто така, имаше и пет возила во кои вообичаено се пренесува произведениот бетон. Две од ваквите возила, беа позиционирани веднаш до базата, на местото од каде се претовара направениот бетон од базата.

Општина Охрид почна да ја урива оваа база, а потоа самиот Усеини продолжи да го прави истото. Тие успеаја само да ги отстранат силосите, при што, процесот застана. Од Општината засега нема одговор зошто базата не е целосно урната.

За разлика од претходно, сега, уште поголем дел од парцелата е тампонирана и израмнета. Според имотниот лист од Катастар, таа се протега на површина од 2500 метри квадратни. „А1он“ контактираше со ИВЗ и праша дали знаат дека нивното земјиште на стариот пат Охрид-Струга има дивоградба за која се води истрага од Обвинителство. Одговор не добивме. Во охридското муфтиство на ИВЗ прашавме дали тие ја дале парцелата на користење на Нефи Усеини и што планираат да прават на неа, но оттаму одговори најавија за утре, поради работни обврски.

Предмет за нелегално изградената бетонска база во охридското обвинителство се води од август 2019 година. Предметот е оформен бидејќи обвинителот сметаше дека Усеини сторил кривично дело бесправна градба. По година и девет месец, предметот тапка во место. Последната информација е дека Обвинителството издало наредба за градежно вештачење од Бирото за судски вештачења. Во февруари, обвинителот одговори дека се работи со намален капацитет поради пандемијата со коронавирус. Оттогаш наваму, нема никакви промени поврзани со овој случај.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид