Во селото Стримница, неколку лица се снимени додека фрлаат отпад во реката Вардар. Според снимката, тие фрлаат се што има во приколката. На ова реагираат еколошките здруженија кои оценија дека постапката која ја направиле непознатите лица е „еколошки криминал“.
„Ова е трагично, итно е потребна реакција од полицијата. Треба да се заплени тракторот, но и да се изречат парични казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина“, пишуваат од граѓанското здружение „Еко-герила“ од Тетово.