(ВИДЕО) Острени: Поднесовме предлог за промена на Уставот на Македонија

Од:

Претседателот на Унитети, Гзим Острени истакна дека поради тоа што годините после конфликтот во 2001 година потврдиле дека Албанците не се рамноправни граѓани со Македонците, тие до собранието поднеле предлог за промена на Уставот на Република Македонија.

– За остварување на нашите цели пристапивме кон предлог за промена на Уставот на Република Македонија. Бараме измена на преамбулата, службена употреба на Албанскиот јазик и неговото писмо во РМ, избор на Претседател на државата од страна на Собранието, реорганизација на начинот на избор и надлежности на Комитетот за односи меѓу заедниците, донесување на уставна одредба за усвојување на одлуките на Уставниот суд, измена на организацијата и функционирањето на локалната самоуправа и рамонправно распоредување на државниот буџет, вели Острени.

Унитети денеска предале граѓанска иницијатива за уредување на одредени прашања кои го гушат демократскиот развој на нашето општество и држава, но исполнување на условите, според Острени е речиси невозможно.

– Анализата што ја направивме на законите на формата на непосредната граѓанска демократија што е во состав на правниот поредок на Република Македонија заклучивме дека овој начин на изразување на барањата на граѓаните е блокиран, посебно на Албанците. Причините се несовладливите критериуми на законот, вели Острени.

Тој кажува дека се бараат 150 илјади граѓански потписи или потписи од 30 пратеници, што според него, Албанците тешко би можеле да го исполнат првото барање, а никако другото.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

A1on