(ВИДЕО) Оставени домати пред МНР: Димитров вети преговори, добивме грчка салата

Од:

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ денеска оставика неколку домати пред вратата на МНР наменети за министерот Никола Димитров. Ваквата постапка следува по објавата на Димитров на Твитер од пред некој ден, во која напиша дека секоја земја која ќе гласа за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, ќе им испрати како подарок македонски домати.

– Неспосбноста во диплотаијата не се покрива со домати. ЕУ бара резултати, а не препродавачи на име и домати. Домат дипломатијата на Димитров го доживеа својот дебакл. Доматите кои требаше да патуваат во ЕУ остануваат скапани, ќе скапуваат уште година и пол, а со неспособната власт се загорозени и наредните реколти, рече Филип Георгиев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Димитров, младите немаат никаква корист од вашата домат дипломатија. Македонија останува обезличена поради вашата неспособност, која ја компензирате со крајна несериозност. Знаеме дека не сте мрднале од скапите фотелји за да ја видите маката на земјоделците. Наместо да се подбивате со државата и да нудите домати за членство во ЕУ, треба да престанете да правите штета на државата. Ветивте почеток на преговорите, а донесовте грчка салата платена со името Македонија, порачаа од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски