(ВИДЕО) Османи: Тие што не гласаа, сакале да пратат порака пратениците да одлучат за нив

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на прес-конференција во Владата рече дека вчерашниот референдум имал за цел да ја определи политичката волја на граѓаните.

ВО ЖИВО: Прес на Шекеринска и Османи

ВО ЖИВО: Прес на Шекеринска и Османи

Posted by A1on.mk on Понеделник, 01 октомври 2018

„Тој инструмент се рефлектира преку бројот на гласачите кои гласале, а бројката на тие што гласаа дава целосен легитимитет за институциите да продолжат со имплементација на договорот“, рече Османи.

Најави дека во наредните денови секој пратеник во Собранието на РМ ќе треба да донесе лична одлука за иднината на Македонија и кажа дека, до крај и до последната секунда, власта ќе оди на варијантата парламентот да го заокружи овој процес. Ако тоа не успее, истакна дека предвид доаѓаат и други алтернативи.

Тој во обраќањето истакна дека НАТО и ЕУ значат стабилност, безбедност, подобри плати за граѓаните, како и можност младите да ја продолжат својата иднината овде. Во спротивно рече дека на Македонија и се заканува безбедносна, политичка и економска непредвидливост.

„Мнозинството граѓани што гласаа, над 90 отсто, дадоа јасен легитимеитет за договорот, институциите да можат да продолжат“, рече Османи и додаде дека цензусот не е прашање поврзано со успешноста на референдумот, бидејќи, како што рече, е техничко прашање со кое се мери ажурираноста на гласачкиот список, односно дали луѓето се надвор од државата.

„Тие што не гласаа, сакале да пратат порака до пратениците да одлучат наместо нив. Собранието ја презема одговорноста да ја материјализира одлуката на поддршката што ја дадоa 90 отсто од гласачите“, порача Османи.

Вицепремиерот повика граѓаните да се чувствуваат горди за одлуката која е донесена, бидејќи, како што рече, истата го отвора патот за ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска