ВИДЕО: Општина Струмица го одбележа денот на раѓањето на Борис Трајковски

Од:

Општина Струмица денеска ја одбележа 58-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател, Борис Трајковски. Претставници на локалната самоуправа, на семејството Трајковски, на јавните институции и политичките партии, положија цвеќе пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, а за животот и делото на претседателот Борис Трајковски зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

-Ретки се луѓето во светската историја кои доаѓале до врвот на својата државничка кариера, а притоа знаеле да останат свои, да бидат препознатливи и да останат со истите специфики, вредности и мани какви што ги имале и порано. Без сомнение станува збор за ретка и чиста доблест, имуна на сите можни влијанија и опасности да биде контаминирана со негативните особености на новото време. И тогаш кога се ракуваше со големите светски политичари, и тогаш кога го трошеше секој атом од својата енергија за интензивирање на евро-атланските аспирации на Република Македонија, и тогаш кога неговиот мирољубив дух спречи понатамошна ескалација на конфликтот во 2001 година, и тогаш кога се среќаваше со обичните луѓе – работници и селани, секогаш, апсолутно секогаш, Борис остануваше Борис.

trajkovskiRod-58 (5)

– И токму затоа, неговиот лик и дело се етаблираа во меморијата на македонските граѓани, но фатија корени и во добрите спомени на претставниците на меѓународната политичка сцена. За таквите луѓе, каков што беше Борис Трајковски, велат дека и по смртта живеат вечно, рече меѓу другото во својот говор, Христов.

trajkovskiRod-58 (2)

Во чест на Трајковски, беа прочитани и првонаградените творби на распишаниот литературен конкурс на тема „И по десет години, спомените за претседателот Борис Трајковски се уште живеат“ во организација на библиотеката Благој Јанков Мучето.

trajkovskiRod-58 (3) trajkovskiRod-58 (4)

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски