Околу триесетина членови на Обединети за Македонија пред судот го пречекаа Љубе Бошкоски.
Тие бараат фер судење, а судот да не се става над законот.
-Не треба човек да е правник па да увиди на каков начин судот и судијата се ставаат над законот. Македонија и Србија имаат потпишано договор со кој се дадени сите принципи на кој начин може да се одвива таа соработка. Процесот треба да оди преку Министерството за правда, но за жал тоа е заобиколено, тоа ја поткопува валидноста на пресудата, а судот се става над законот, изјави Раде Милососки од Обединети за Македонија.