(ВИДЕО) ОМ: На модерно-удбашките методи на ДПМНЕ никој не верува

Од:

Од партијата Обединети за Македонија велат дека независниот советник Борче Бучински, носител на независна листа за време на локалните избори од 2017 година од Могила, лажно се претставува дека е член на партијата, со цел да предизвика збунетост кај граѓаните.

Од таму велат дека Борче Бучински, независниот советник работи во интерес на ДПМНЕ од почетокот на неговиот мандат.

„Актуелен претседател на нашата организација во Могила е Борче Сабатоски, кој останува во Обединети за Македонија и е наш почитуван и лојален член. Слободно можете да ги проверете листите низ Интернет. Ние заедно со Владата работиме во интерес на земјоделците, се трудиме да ја поправиме оваа десетгодишна погубна политика на ДПМНЕ во овие и во другите сфери“, влат од партијта.

Ова е доказ, додаваатд таму, дека Мицкоски и ДПМНЕ наместо да ја прочистат и да ја реорганизираат партијата, да ја направат проевропска, со ваквите модерно-удбашки методи, го манипулираат народот и го лажат. „Затоа порачуваме до ДПМНЕ: на ваквите модерно-удбашки методи нашиот народ не верува повеќе. Прочитани сте и очигледни во вашите намери“,велат од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска