ВИДЕО: Охридските угостителски објекти останаа полупразни по новите ковид мерки

Од:

Охридските угостители останаа со полупразни тераси, враќајќи ги гостите кои немаат сертификати за примена вакцина или доказ за прележан коронавирус. Гостите кои ќе седеа, од страна на келнерите беа прашувани дали имаат документ, а тие кои немаат, ги стануваа и не ги служеа. Иако Охрид има туристи, а сезоната и натаму трае, повеќе гужви имаше пред пекарите и седнвичарите, отколку во кафеаните. Единствено место каде можеше да се седне без сертификат беше во угостителски објект во турската чаршија.

На плоштадот, слаткарниците и кафетериите имаа само по десетици гости, иако имаат петкратно повеќе места за сместување. Угостителите не сакаа да коментираат пред камера, но велат, ќе имаат финансиски штети од новите мерки на Владата со кои се ограничува пристапот на посетителите. На прашање колку вратиле до пладнево, секој имаше различни бројки.

Гостите пак, не сакаа да се снимаат. На дел им пречеа рестрикциите бидејќи сметаат дека тие и без нив биле заштитени, но има и такви кои се согласуваат во угостителските објекти да седат само вакцинирани бидејќи сметаат дека животот полесно ќе се врати во нормала на ваков начин.

„А1он“ го побара инспекторот Цветко Ристески, раководител на одделение за инспекциски надзор во Охрид. Тој не одговори на повикот за да даде информација колку предупредувања се изречени на угостителите.

Низ градот и натаму има гужви. Освен домашните туристи, има и странци, како и организирани тури преу тур оператори. Дел од настапите на домашни и странски ѕвезди се откажани. Онаму каде не се, ќе се влегува согласно новите мерки.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски