ВИДЕО: Охридските угостителите бараат капар од две до четири илјади денари за да се фати маса

Од:

Туристите и овој викенд го запоседнаа охридското крајбрежје, на плажите буквално не може да се најде слободно место за пешкир или лежалка.

Големата побарувачка на плажите Градиште 1, 2 и 3, направи угостителите однапред да бараат капар од гостите кои сакаат да добијат маса во нивниот локал.

Доколку некој сака да добие маса во некој од локалите низ Градиште, потребно е однапред да плати од две до четири илјади денари, како гаранција дека ќе потроши минимум толку за време на седењето во локалот.

Онаму каде што нема лежалки, односно на почетокот од Градиште, сите кои имаат кампови поставуваат свои маси и носат фрижидерчиња со храна и се гоштеваат.

Лежалки се поставени дури и на брегот каде што е забрането, бидејќи се смета за слободен простор на кој може да се поставуваат пешкири без да се наплати.

Зголемениот број на новозаразени од Ковид-19, кој деновиве зема залет не ги колеба домашните гости да бидат дел од гужвите каде не се држи потребното растојание кое е потребно за да спречи ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид