Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

Од:

Охриѓанец (73) е приведен откако, според пријавата, впери пиштол кон 51-годишен скопјанец по расправија околу паркирано возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 август, околу 13:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го уапсија Т.Р. (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава.

Според информациите, инцидентот се случи околу 12:00 часот во ходник на станбена зграда во Охрид, каде по недоразбирање околу паркирање, осомничениот наводно впери пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојуваше во истата зграда.

По приведувањето, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршија претрес во домот на осомничениот.

При претресот се пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“, муниција и резервни делови.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он