ВИДЕО: Огнен и Марија ги добија подароците од новогодишната хуманитарна акција

Од:

Огнен и Марија од Кисела Вода денеска ги добија подароците кои граѓаните им ги оставија во „Сити мол“ по повод новогодишната хуманитарна акција „12 елки – 12 медиумски приказни“.

Хуманите граѓани за ова семејство донираа преку 160 подароци.

Благодарение на оваа акција и граѓаните кои донираа, семејството Христовски покрај храна и топла облека доби дрва за огрев и финансиски средства, но најважно од се е тоа што ова четиричлено семејство повторно има струја во нивниот скромен дом, па Огнен и Марија повеќе нема да ги завршуваат своите училишни задачи на свеќа.

По објавување на трансакциската смета, хуманите граѓани за ова семејство донираа повеќе од 30 илјади денари со кои таткото Владимир ќе подмири дел од долговите и ќе ја реновира руинирата куќа во која живеат.

Наскоро, Христовски ќе добијат и социјална помош од државата која им беше ветена од службата на министерството за труд и социјална политика по објавувањето на сторијата за ова социјално загрозено семејство.

Новогодишната хуманитарна акцијата „12 елки – 12 медиумски приказни“ започна на 26 декември и траеше се до 4 јануари. Дванаесетте медиуми избраа 12 социјално загрозени семејства на кои граѓаните им донираа пакетчиња и разни подароци. По завршувањето на оваа десетдневна акција, собрани се повеќе од 300 подароци.

Ова е трансакциската сметка на Христовски за сите хумани луѓе кои сакаат да му помогнат на ова семејство.
Тутунска банка
Марија Христовска
210 5016899938-98

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски