(ВИДЕО) Офанзива на новата директорка Петровска: Блиску сме да откриеме кој го загадува воздухот

Од:

Штетни емисии од фабриката „Пејпер мил“, опасен елаборат за погон за обработка на медицински отпад, градежен шут во охридското крајбрежје и стотина други загадувачи кои се сериозна закана по здравјето и животот на граѓаните, за неполни два месеца детектираше Државниот инспекторат за животна средина. Новата директорка Ана Петровска секојдневно е на терен и за „А1 он“ открива дека со овој интензитет на работа блиску се да го лоцираат главниот виновник за загадениот воздух.

Според Петровска, со детална аналитика од инспекторатот и со подготовка на мапа на потенцијалните загадувачи ќе се олесни процесот на инспектирање и ќе се добие појасна слика за тоа од каде и колкава е  опасноста за животната средина.

„Инспекторатот сега постапува со поголеми тимови и во координација со инспекторите на Град Скопје и другите регионални инспектори. На овој начин е зголемена ефикасноста и можеме да постапуваме и во редовни контроли, но и по пријавите од граѓаните“, вели Петровска.

Ако се земе предвид широката слика за состојбата со грижата за животната средина, Петровска вели дека е повеќе од загрижувачка бидејќи нашата земја е сосема контаминирана од експлоатација на природните ресурси и дополнителните ризици, како отворање рудници, не ни се потребни.

„Каменоломите, потоа сечите на шумите во долги планински појаси, акумулација на отпад и слично го исцрпија капацитетот на атмосферскиот воздух. Се надевам дека ќе успееме да ги санкционираме сите оние кои не ги почитуваат стандардите за работа и ќе овозможиме да се дојде до стабилизирање на загаденоста. Во овој момент сметам дека рудниците можат дополнително да ја влошат состојбата“, вели Петровска.

Што се однесува до третманот на медицинскиот отпад, кој во време на пандемија е зголемен за 40 отсто, инспекторите извршиле увид и во скопската депонија „Дрисла“, каде што не се забележани неправилности во работата, но се отвора сомнеж колку од произведениот медицински отпад од клиниките завршува на оваа депонија.

„Правиме детална истрага со методи за анализа на количините на опасен медицински отпад што се произведува од клиниките и количината што стигнува на оваа депонија. Равенката ќе ни открие што точно се случува“, вели Петровска.

Би можело да ве интересира

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

Орце Костов

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов