ВИДЕО: Одземени актовки, документи, телефони од возило на обезбедувачите на Мијалков

Од:

Откако повеќе од три часа беа на распит, полицијата направи и претрес во возилото марка „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедување на Сашо Мијалков. Полициски службеници од полициската станица Кисела Вода целосно го проверија возилото на обезбедувачите.

Од возилото се запленети телефони марка „Ајфон“, актовки со документи, торбици. Истите ги внесоа во станица. Непознато е на кому му припаѓаат овие предмети.

Лицата кои го обезбедуваа Мијалков се на распит откако нивниот шеф избега и по него е распишана потерница. Освен нив, во станицата се и неговата сопруга Александра Мијалкова, како и син му, Јордан Мијалков. Непознато е што се случува во станицата и дали полицајците извлекле информации за локацијата на Сашо Мијалков. Распитот засега му е завршен само на Влатко Мијалков, брат на избеганиот Сашо.

„А1он“ веќе објави дека првите информации за можно бегство на Сашо Мијалков ги добило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во саботата, по што побарало од МВР да направи проверка.

За Мијалков е распишана и меѓународна потерница, поради сомневање дека тој не се наоѓа во државава.

Би можело да ве интересира

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Павлова-Николовска

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов