Во саботата имало информација дека Мијалков спрема бегство, се барало затворски но судот се решил за куќен притвор

Од:

Првите информации за можно бегство на Сашо Мијалков ги имало Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уште во саботата, дознава „А1он“. Според нашите извори, оттаму веднаш побарале од БЈБ и полицијата само проверка на наводите кои ги добиле. Уште вечерта околу 23 часот примиле повратна информација дека има информации за таква можност, но дека не се потврдени. Веднаш по ова, обвинителот барал притвор за Мијалков, но, судот носи решение за куќен притвор.

Додека траат административните процедури, поднесувањето на предлогот, заседанието на судиите Васка Николовска-Масевска, Огнен Ставрев и Илија Трпков за носење на одлуката во неделата, на обвинетиот Сашо Мијалков му се губи трагата. Додека сите сметаат дека тој е во Скопје, односно Водно, а започнато е и следење на телефонскиот сигнал, тој не се наоѓа во својот дом, каде е телефонот. Екипи на МВР кои отишле на Водно да му го достават решението за куќен притвор, не го наоѓаат дома. Се известува МВР, судот, Обвинителството. По ова, се дава насока на повеќе екипи од МВР да проверат и други локации, но никаде го нема Мијалков.

Во меѓувреме, Обвинителството поднело жалба на одлуката на тројцата судии на Мијалков да му биде определен куќен притвор со физичко и визуелно следење, што е поблага мерка од затворскиот притвор. Одлука засега по ваквиот поднесок – нема.

Полицијата попладнево се обидува да извлече информации за тоа каде е Мијалков и од неговото семејство односно сопругата и синот, но и неговиот брат Влатко Мијалков кој со адвокат се појави во полициската станица во Кисела Вода. На распит се повикани и од обезбедувањето на Мијалков, кои го пратеа постојано во текот на денот.

Инаку, по Мијалков по националната, судот распиша и меѓународна потерница. Засега нема информации дали некој успеал да му влезе во трага на ексдиректорот на УБК и лоцира каде заминал вчера попладнето.

Првоосомничениот во „Таргет-тврдина“, предмет за масовното нелегално прислушување е последен пат виден во јавноста во петокот, ден пред првите информации дека може да избега. Тој речиси цел ден го помина во судската сала, каде завршни зборови даваше неговата одбрана, како и одбраната на останатите обвинети.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков