ВИДЕО: Одложено судењето за „Титаник 3“, Ејуп Алими бил на службено патување во Албанија

Од:

Судењето за предметот „Титаник 3“ денеска се одложи поради тоа што координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, кој е обвинет дека уништувал изборен материјал, не дојде на судењето. Во судницата беше присутен само обвинетиот Исмет Гури.

Адвокатот на Алими, Мефаиљ Арслани, рече дека тој бил на службено патување во Албанија и му достави на судот образложение за службено отсуство. Адвокатот рече дека неговиот клиент дознал дека треба да замине во Албанија ден, два пред патувањето. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара адвокатот да објасни дали поканата од судот била била лично до Алими или како до група и која била целта на патувањето и дали тоа било неодложно или можело да почека. Адвокатот Арслани рече дека патувањето било потпишано од генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Фетаи бараше адвокатот да објасни дали не можел некој да го замени Алими денеска во судницата. Адвокатот рече дека не можел да потврди дали поканата е упатена кон него лично или кон пратеничките групи. Тој рече дека на средбата на групата „Жан Моне“ во Тирана биле поканети сите координатори на пратеничките групи и дека состанокот бил од техничка природа.

Следното рочиште е закажано за 27 април. Судот ќе побара на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да му се испрати известување во кои термини има закажано рочишта за предметот „Титаник 3“ и доколку Алими не може да присуствува само поради неодложни активности, да го известат судот.

Алими и Гури се првите функционери на ДУИ обвинети во предмет на СЈО. За нив ова обвинителство бараше и притвор, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите. Обвинителката Фатиме Фетаи на јавна седница во Апелациониот суд изјави дека сведоци на специјалното обвинителство стравувале од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими. Сведоците објаснувале дека Алими е многу моќен човек и е дел од ДУИ, која е на власт. Алими посочи дека и да го затворат во друга земја, ќе избега за да се врати во Македонија и да биде присутен за постапката која се води против него.

Исмет Гури беше помилуван од претседателот Иванов токму за овој случај. Тој е заменик-управник на регионалната дирекција на УЈП во Скопје.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска