(ВИДЕО) Новески: Воздухот во Македонија е канцероген, предизвикува рак на бели дробови

Од:

Светската здравствена организација пред две недели излезе со заклучок дека воздухот што го дишеме е канцероген, а најмногу предизвикува рак на белите дробови, вели Игор Новески.

Тој вели дека загадувањето е исто како да пушиме 5-6 цигари дневно, а надлежните не го сфаќаат сериозно проблемот и го релативизираат.

– Преку 20 граѓански здруженија и иницијативи се организираа, се координираа, организации од Скопје, Битола, Тетово, добиваме поддршка и од Куманово, Кичево, Кавадарци, Велес. Сите поддржувачи во 5 часот тука пред Владата поради енормното загадување, вели Новески.

Според него, скандалозна е изјавата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој изјави дека загадувањето се должи на тоа што во Скопје нема ветар.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС