ВИДЕО: Новата зграда на правда-гипс, пластика и Јустиција

Од:

Црвена фасада, бели столбови од гипс, таканаречени „барок“ елементи, алуминиумски прозорци. Сето ова е искомбинирано за преоблекување на зградата на Министерството за правда на кое сега е залепена и „златна“ Јустиција, божицата на правдата.

Изгледот на зградата наиде на потсмев на социјалните мрежи каде се наведува дека мора да запре ширењето на ваквиот кич и уништувањето на изгледот на градот со пластични реплики на објекти од пред неколку стотина години.Многумина коментираат дека зградата повеќе наликува на бордел, отколку на Министерство за правда.

Власта подолго време спроведува проект на преоблекување и изменување на сите објекти во централното грдско подрачје или пак на нивно затскривање со подигнување на нови објекти во „барок“ или „неокласицизам“ пред нив.

bosker_originalcopies_4ps

Ваква појава на реплики од минатото, а без никаква архитектонска вредност се забележани во некои делови на Кина.

ББС неодамна објави текст за кинеската верзија на Венеција, на белата куќа па и на Стоунхенџ.

Во последниве години и Македонија стана мета на критички тесктови на странските медиуми поради новиот изглед на главниот град, кој во неколку наврати беше наречен „Новиот Дизниленд“.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже