ВИДЕО: Нов, пожесток обид за пробивање на полицискиот кордон кај „Мавровка“

Од:

Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.

Од задните редови на толпата демонстранти во еден момент излезе нова група лица со фантомки и жестоко удри врз полицијата. Освен што маваа со што стигнат се фрлаа и со цело тело во полициските штитови, но не успеаја да го пробијат кордонот.

Една група демонстранти, пак, се обидуваше да ги смири оние што беа најагресивни.

Обидот за пробивање на кордонот не беше успешен. Демонстраните се уште се пред Мавровка и не им е дозволен пристап кон судовите.

Пристигнаа и екипи на Брза помош.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски