(ВИДЕО) НМХТ: До кога треба да протестираме за да Обвинителство почне да работи?

Од:

Активистите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) и граѓани што ги поддржуваат, денеска повторно, по четврти пат, со црни трупови пред Јавното Обвинителство, написи „Истрагата е во тек…до кога:“ и ужасни звуци на кршење и демолирање ја потсетија оваа институција да си ја врши својата работа

Активистите велат дека не само што не се пронајдени насилниците кои ги нападнаа ЛГБТИ активистите за човекови права, кои на 23 октомври прославуваа во кафето „Дамар“, туку не е пронајден ниту еден од напаѓачите во претходните 5 случаи на напади за само 2 години.

Под мотото „Правда за сите. Различни. Еднакви. Слободни“, НМХТ неколку пати ги повика премиерот Груевски и министерката Гордана Јанкулоска јавно да ги осудат нападите.

Со то што институциите, министерката за внатрешни работи и премиерот не ги осудуваат нападите врз ЛГБТИ луѓето, тие стануваат соучесници на тие напади, велат активистите

– До кога треба да протестираме, до кога треба да го потсетуваме Обвнителството да си ја заврши својата работа. Не се работи само за нападот од пред еден месец во Дамар, се работи за пет напади, кои не се разрешени и кои се случуваат континуирано последниве две години, ниту еден насилник досега не е фатен, рече Кочо Андоновски програмски директор на ЛГБТИ центарот.

На новинарско прашање што е причината што не се пронаоѓаат насилниците, Андоновски одговори:

– Според мое мислење, причината за тоа се внатрешни и надворешни хомофобични притисоци, рече Андоновски.

НМХТ ги упати следните барања до Владата на РМ, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и надлежните Судови:

„Бараме јавна осуда од Премиерот на Владата, Министерката за внатрешни работи и Министерот за правда за хомофобичното насилство од омраза против ЛГБТИ луѓето во РМ.

Бараме брзо разјаснување на случајот, откривање на сторителите и ефикасна судска постапка за Насилство, Предизвикување општа опасност и Расна и друга дискриминација преку прогонување на организации или на поединци поради нивното залагање за рамноправност на луѓето.

Бараме разјаснување, откривање на сторителите и покренување на судска постапка против сторителите на предходните напади врз ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата скопска чаршија.

Бараме отворање на кривична истрага за говорот на омраза кој следеше на социјалните мрежи по нападот и за Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа против медиумите кои пред настанот објавуваа содржини со говор на омраза и повици на насилство против ЛГБТИ луѓето“, стои во нивното писмо до државните институции.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on