Преговорите со Грција се околу разликите за името но и не за идентитетот соопшти денеска медијаторот за спорот со името Метју Нимиц.
На прес конференција по средбата со премиерот Никола Груевски посочи дека Обединетите нации немаат мандат да преговараат за идентитет, зошто тој го гради секој народ посебно.
Нимиц потенцираше дека негова мисија е да проба да ги усогласи двете страни и грчката и македонската околу разликите за името, што и било суштина на проблемот кој Нимиц пробувал да го реши. Според специјалниот преставник на ОН периодов бил погоден за изнаоѓање решение за проблемот за името. Не соопшти со какви идеи дошол во земјава но рече дека имало конструктивност во разговорите со државниот врв.
„Треба да бидеме јасни, мандатот на ОН е јасен и тој е се однесува за името на државата. Треба да рагледаме што треба да се разреши. Би сакал да заклучам дека народите имаат свои идентитети и Обиденетите нации не преговараат за идентитети на еден народ. Народот го создава својот идентитет преку своите дејствија својата култура и оваа земја си има свој идентитет“, изјави Метју Нимиц.