(ВИДЕО) Николовски: Трајковски ги игнорира проблемите на граѓаните на Гази Баба

Од:

„Скоро по една година од катастрофалните поплави што го зафатија овој дел од Скопје, овде во Стајковци, голем дел од улиците се уште се во катастрофална состојба. Не се реализирани голем дел од ветувањата на Тони Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ дека сите улици во Стајковци ќе бидат целосно реконструирани. Наместо вистинска помош на жителите на ова место, Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ цела година се служеа со лажни ветувања и партиска пропаганда за собирање политички поени.

Освен недоправените улици, еден од најголемите проблеми во Стајковци и околните населени места е изградбата на детска градинка, што е воедно и најголемото неостварено лажно ветување на градоначалникот во заминување. Детската градинка треба да овозможи згрижување на децата од Стајковци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Брњарци и Раштак, при што предлагаме да се изгради градинка со реален капацитет, а не како што сега е планирано, изградба на градинка со мал капацитет, што реално не може да ги задоволи ниту потребите на жителите од Стајковци.

Со оглед на тоа што граѓаните на Општина Гази Баба имаат и голем број на други нерешени проблеми, го кориситме овој повод да го повикаме градоначалникот Трајковски конечно да се одважи и да собере храброст да се појави на седницата на Советот на Општина Гази Баба закажана за понеделник 31 Јули, за да може пред нас советниците и пред граѓаните да одговори на сите прашања и проблеми што ги засегаат граѓаните.

Граѓаните на Гази Баба ќе го казнат ваквото игнорантско и неодговорно однесување на Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ. Веќе на следните избори во октомври, Гази Баба ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ која ќе работи во интерес на граѓаните и обезбедување на услови за квалитетен живот во секое населено место во општината“, изјави Дарио Николовски, координатор на советничката група на СДСМ во Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат