(ВИДЕО) Николовски: Новата аграрна политика на СДСМ значи зголемување на субвенциите на 160 милиони евра

Од:

Вчера од Куманово, претседателот на СДСМ ја започна нашата нова кампања СДСМ со граѓаните, ние продолжувме денеска од Делчево. Целта ни е да ги промовираме нашите мерки и решенија од програмата пред граѓаните. Земјоделското производство е важна стопанска гранка на којашто може да се потрпе македонската економија. Руралниот развој исто така е особено важен за овие помали места во коишто селата се испразнети, во коишто младите си заминуваат, рече Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ.

Затоа е потребно и инвестиции во руралниот развој, во амбуланти, во училишта, во инфраструктура, во нови производствени погони.

СДСМ нуди многу мерки и во делот на земјоделието и во делот на руралниот развој. Затоа денес ќе напоменеме само неколку од нив коишто се клучни во нашата програма.

Тоа се субвенциите коишто се исплаќаат на земјоделците. Нив ги зголемуваме на 160 милиони евра, но ќе ги добиваат вистинските земјоделци и тоа на време, тогаш кога им се потребни, тогаш кога имаат инвестиции во земјоделското производство.

Понатаму, ќе воведеме зелена нафта за земјоделците, поефтина за 50%.

Државата ќе се грижи за откупот и за пласманот на земјоделските производи.

Исто така, ќе направиме ревизија на тоа како е доделена државната земја и ќе ја вратиме на вистинските земјоделци.

Ќе го укинеме персоналниот данок за земјоделците, ќе воведеме бенифициран стаж за земјоделците и со низа на други мерки ќе се поефтинат и репроматеријалите и заштитните средства. Со тоа земјоделското производство ќе биде многу поефтино од сега, се со цел да имаат бенефит вистинските земјоделци коишто се занимаваат со оваа работа, односно со производството на храна во Македонија.

Не може субвенциите да одат кај земјоделските тајкуни.

Затоа е потребна ревизија на тоа како е доделена државната земја и како се доделуваат субвенции.

На овие неколку мерки ќе се потпира обемната земјоделска политика којашто ќе ја промовира СДСМ во следниот период, се со цел и во интерес на земјоделците, во интерес на граѓаните, во интерес на подобра и посигурна иднина.

Овие мерки од програмата на СДСМ обезбедуваат сигурна и безбедна иднина на сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски