(ВИДЕО) Николовски: Мора да има одговорност за пропустите и сериозните последици од болеста “Јазлеста кожа”

Од:

Поради неспособност и неодговорност на институциите болеста „јазлеста кожа“ кај животните се шири и предизвикува сериозни последици.

Пропустите и грешките на Агенцијата за храна и на Министерството допринесоа сточарите, млечната и месната индустрија во Македонија да трпат огромни штети.

Сточните пазари се затворени. Се јавува млечна криза и забрана за извоз на млеко и месо од целата територија на Македонија, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Сточарите на коишто им беа одземени животните никој не ги обештетува. Се уште нема исплата на штета за ниту едно одземено грло добиток од сточарите и не се знае кога тоа ќе се случи.

Веќе трет месец се чекаат фамозните 250.000 вакцини против болеста.

Ваквите катастрофални грешки на ВМРО-ДПМНЕ ќе го преполоват бројот на говеда во земјава, ќе ги банкротираат сточарите и ќе ја срушат млечната и месната индустрија во Македонија.

За оваа катастрофа поради нестручност на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.

Во 2015 АХВ и МЗШВ знаеле и биле информирани за можноста за ширење на болеста. Тоа го потврдува ова мислење на Европската организација за безбедност на храна од 2015 год и ова решение од 2015 година.

Направени се многу пропусти во 2015 година. Не испланирале и не обезбедиле финансиски средства за набавка на вакцини и не обезбедиле односно резервирале одредени количини вакцини.

Не спровеле мониторинг контроли за рано откривање на болеста и не обезбедиле пари за обештетувања на сточарите за уништените животни.

Не ги известиле ниту сточарите ниту институциите што треба да бидат вклучени во контролата на болеста: МВР, локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи, субјектите во месната, млечната и кожарската индустрија.

Во 2015 година не бил изработен ниту Акционен план за справување со болеста.

Но, непрофесионалното и лошо работење не завршува тука. Пропусти и грешки се направени и при потврдувањето на болеста во Македонија и справувањето со неа.

Националниот центар за контрола на болеста не бил формирам веднаш туку со огромно задоцнување од 2 недели. Во тој период болеста засилено се шири во цела Источна Македонија.

АХВ оформила само еден Локален кризен штаб во Штип наместо во секој регион каде што ја има болеста.

Воспоставена е само една дезинфекциона бариера и конролен пункт во Демир Капија кој траел замислете само 3 дена, наместо пропишаните минимални 21 ден.

Примерокот за потврда на болеста не е испратен веднаш до светска или европска референтна лабораторија, туку првин во националната лабораторија на една соседна држава.

Пропустите да бидат уште поголеми пропишна е погрешна мерка во Решението за прогласување и сузбивање на болеста Јазлеста кожа. Животните кои биле во контакт со болните грла од сите зафатени подрачја се транспортират до кланица во Радовиш каде се колат, со што се овозможува ширење на болеста од едно во друго подрачје.

Однапред не се одредени локации за закопување и уништување заболени говеда.

Болните животни се убиваат две до три недели после утврдувањето на болеста со што истите во меѓувреме продолжуваат да бидат извор на ширењето на болеста.

Јавноста воопшто не е иформирана за ништо а не се познати ниту вкупниот број на жаришта, заболени и уништени грла добиток.

Сето ова се случува поради некоординираност на кризниот штаб, неформирање на штабови во регионите, неопределени локации за закопување на уништените заболени говеда и необезбедени финансиски и материјални средства на сите нивоа.

Одговорните служби на чело со АХВ водени од кадрите на ВМРО ДПМНЕ неспремно и нестручно ја дочекале болеста Јазлеста кожа во РМ.

Затоа, за оваа катастрофа што и ја предизвикаа на Македонија оставки мора да има.

СДСМ ќе ги разгледа сите можности за правна, законска одговороност на сите инволвирани, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски