(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Од:

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковечавски. Во недостаток на план и програма, Силјановска е целосно во матрицата на ДПМНЕ и упатува навреди кон Пендаровски и Ковачевски. Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуални капацитети искажани од Силјановска не доликуваат ниту на професор ниту на политичар, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

– Каков е тој професор кој ги навредува студентите? Каков е тој политичар кој наместо да претстави и идеи навредува неистомисленици а со тоа ги навредува и граѓаните. Митинзите се за претставување на визијата, понудата пред граѓаните а не за навреди и лични дискредитации. Паника од пораз на изборите, немањето план, визија, не се оправдување. Затоа Силјановска треба да се извини.

Ова е уште една потврда дека ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците. Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ – рече Николова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски