(ВИДЕО) Николов: Здравјето на граѓаните е приоритет, а не функциите и политиката

Од:

„И додека од земјите од соседството и регионот воопшто, слушаме вести како нема заболени подолг период или има само по некој случај, во Македонија состојбата е поинаква.

Власта кај нас само убедува дека ситуацијата е под контрола, а за каква контрола зборуваат си знае само „доктор“ Зоран Заев.

Фактите говорат нешто сосема друго, но зошто тој би се занимавале со факти“, рече Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве ги фактите.

Во Македонија се уште бројката на ново заболени се движи од 5 до 10 проценти од вкупно тестираните. Колку и да е мала бројката на тестови во едно деноноќие, а половина од истата отпаѓа на вработените во градинките во државава, процентот се движи помеѓу 5 и 10 проценти ново заболени.

Од темелен скрининг на населението, на ризични групи како медицински лица, возрасни и слично нема ни трага.

Најтрагично е кога слушате дека некој ни вели дека ситуацијата е под контрола, а слушаме дека има ново починати лица. И тоа не повремено, туку секој ден со одредена динамика има починати лица.

И се додека на некој поважна му е политичката функција од здравјето на народот резултати нема да има.

Многу е едноставно. Потребен е темелен,навремен и прецизен скрининг. Потребно е драстично да се намали број на ново заболени и да се детектираат класерите.

Потребно е здравјето на граѓаните да биде приоритет, а не функциите и политиката“, изјави Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски