(ВИДЕО) Николов: Заев мисли дека здравството е фирма, па ако нема профит, ќе ја затвори

Од:

„Премиерот Заев мисли дека здравствениот систем е фирма, па доколку таа не прави профит, ќе ја затвори или ќе ја продаде некому. Деновиве сме сведоци дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството и подобра грижа за здравјето на граѓаните, тие добиваат распродажба на јавниот здравствен систем.

Министерот за здравство, Филипче, веројатно под притисок на комерцијалистот Заев, наместо да седне и да работи и да спроведе вистинска реорганизација и оптимизирање на јавните здравствени институции и на здравствените услуги, се фаќа за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата на здравствениот систем. Во здравството изминатиов период, единствено се случува дисфункционалност на и онака кревкиот систем, како и богатење на поединци.

Детската кардиохирургија е приватизирана, префрлена во приватна болница, иако оттогаш никој не даде отчет во јавноста како се спроведува и како тече овој проект.

По првиот неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата земја, следува втор обид, но овој пат тој е прекинат поради претстојните претседателски избори.

Идејата за приватизирање на Службата на итна помош и Службата за домашна посета, иако никаде не ја среќаваме на друго место во светот, продолжува да се спроведува врз основа на некаква физибилити-студија.

И на крајот, деновиве ја гледаме и последната идеја на министерот Филипче да се приватизира по моделот јавно-приватно партнерство процесот на стерилизацијата, кој, всушност, е срж на здравството. Приватна компанија ќе треба да се грижи за стерилизацијата на хируршките инструменти во државата, но во документацијата на Министерството за здравство не се знае или не сака да прецизира по кои стандарди ќе се изведува валидирањето на овој процесот.

Станува збор за област за која во иднина приватна фирма би требало да набавува хируршки инструменти, облека за лицата што влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад. Приватник ќе се грижи за стерилизацијата, се поставува и прашањето дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен доколку се појави инфекција?!

Министре, граѓаните очекуваат остварување на ветувањата со кои СДСМ дојде на власт. Очекуваат оптимизација на јавното здравство и навремена и соодветна медицинска услуга за парите што ги одвојуваат секој месец за оваа намена.

Почитувани, Заев и Филипче покажаа дека, освен за богатење на свои блиски компании на сметка на народот, не знаат ниту, пак, ги интересира нешто друго.

Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење“, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски