(ВИДЕО) Николов: Македонија е на врвот во светот заедно Ирак, Либија и Суринам, како држава со најбрзо растечко ширење на Ковид-19, објави Њујорк Тајмс

Од:

„Македонија е на врвот во светот заедно Ирак, Либија и Суринам, како држава со најбрзо растечко ширење на Ковид 19, објави синоќа угледниот американски весник Њујорк Тајмс.

Според Њујорк Тајмс Македонија е помеѓу 7-те држави каде Ковид 19 бележи најбрзо растечка прогресија во последните две недели.

Желбата за да му се задоволи и удоволи на Зоран Заев, не лекарскиот и непрофесионалниот пристап на Комисијата за заразни болести која има желба да му удоволи на Филипче не ставаат во друштво со Либија, Ирак и Суринам“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Задоцнетите мерки, прераното олабавување на истите, лошиот пристап со справувањето со епидемијата од страна на удоволувачите на СДСМ не донесоа во ситуација како држава да го живееме вториот пик и тоа во јули.

Неодговорноста на двоецот Заев и Филипче, несоодветните мерки, допринесе од 1 јуни до 12 јуни да имаме зголемување на бројот на заразени за скоро 1480 наши сограѓани, бројот на активни случаи да се триплира, а бројот на починати да порасте за 38 повеќе. Имено од почетокот на дијагностицирањето на Ковид 19 во Македонија до 30 мај се регистрирани 2164, а од 1 јуни до 12 јуни дополнителни 1480 случаи.

Ова е пораз на здравствените политики и пораз за Комисијата за заразни болести, која му удоволува на Заев и Филипче и нивниот политикански, политички, а не лекарски пристап.

За само 12 дена бројот на заразени се зголемил за повеќе од половина. Власта е целосно неспособна и не знае и не може да се справи со ситуацијата. Потребен е професионален и експертски пристап. Македонија тоне со СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски