(ВИДЕО) Николов: Институциите затаија при несреќата кај Ласкарци, Заев да понесе одговорност

Од:

Поминаа повеќе од 10 дена од трагичната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде животот трагично го загубија 15 млади гостиварци. Деновите поминуваат, но трагедијата од Ласкарци во која загинаа 15 лица не може да се заборави, изјави на денешната прес-конференција, Игор Николов, член ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој ден, сите ние бевме сведоци на нефункционалност на сите надлежни инситуции кои што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи.

Го повикуваме премиерот Зоран Заев, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство да одговорат на следните прашања: Прво, зошто не се активираше Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи? Второ, зошто не беше формиран кризен штаб кој ќе се справува со настанатата катастрофа и ќе даде вистинска помош на повредените?

Зошто околу местото на несреќата не се обезбеди периметар, од кој што само професионаци ќе имаат пристап до местото на несреќата? Зошто на местото на несреќата не беа обезбедени соодветни медицински тимови составени од стручни медицински лица, кои што ќе даваат прва помош на повредените и ќе извршат вистинска тријажа на секој поврден за да биде упатен во соодветна здравствена установа?

Кој и зошто одлучи повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8 – ми Септември? Со каков медицински потенцијал располага  ГОБ 8 – ми Септември? Колку има специјалисти трауматолози? Колку специјалисти неврохирурзи и колку торакални хирурзи? Зошто побрзавте да се пофалите дека приватните болници помогнале во катастрофата, кога ниту еден пациент не беше хоспитализиран во приватна болница?

Дали вечерта беа вклучени сите кадровски потенцијали на здравствениот систем и зошто не беа повикани специјалисти од другите болници да помогнат? Дали беше одржан европскиот стандард за еден повреден да има четири медицински работници? Зошто не отворивте посебна линија, кол центар, каде роднините ќе можат да добијат информација каде се нивните најблиски?

На денот на несреќата, Центарот за управување со кризи покажа целосна неспособност да ја менаџирира катастрофата. Лекарите и медицинските работници направија максимум во рамки на можностите да дадат помош на повредените, но неорганизираноста во Министерството за здравство, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сторија своето“, изјави Николов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката