(ВИДЕО) Николов: Имаме програма за развој на Штип, целосно сме посветени и на заштитата на јавното здравје

Од:

„Пред нас стои шансата да го движиме нашиот Штип по патот на напредокот и да го развиваме онака како што посакуваат штипјани. Започнатите проекти и тие кои наскоро ќе ги реализираме, се во согласност со потребите на градот и барањата на сите кои живеат тука.

3 години, стоиме исправени пред вас, горди што реализираме крупни проекти со кои се олеснува секојдневниот живот на граѓаните.

Но, истовремено, соочени со кризата од коронавирусот, сме целосно посветени и на заштитата на јавното здравје“, рече Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

„Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани.

Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска.

Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори.

Ќе ја продолжиме успешната соработка со Црвениот крст за достава на намирници и лекови до домовите на повозрасните и изнемоштени лица.

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе продолжиме да работиме.

Дел од нашата програма е и реализацијата на проектот 100 типски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства. Ова значи нов топол дом за нашите граѓани, на кои им се решава животно прашање – стекнување на свој дом.

Во време на светска пандемија која остава и здравствени и економски последици, наша одговорност е да направиме се` во наша моќ, да ги поддржиме сите нашите граѓани.

Самохраните родители и натаму нема да имаат обврска да плаќаат за престој на нивните деца во градинка.

Во соработката со здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување.

Никој не е сам!

Како градоначалник ќе се посветам целосно на заштитата на јавното здравје, поддршка и помош на сите граѓани кои се во потреба и на долг рок на создавање квалитетни услови за живот и работа за сите од најмладите до највозрасните. Тоа е моја обврска, тоа е мојата заклетва пред вас.

Штип заслужува да е во сигурни раце!“, изјави Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ