(ВИДЕО) Николов: Главна цел на денешниот настан е да се подигне свеста за спортот и неговото значење во зачувување на здравјето

Од:

„Причината за денешното собирање и денешниот настан главна цел е да се подигне свеста за спортот и значењето на спортот во зачувувањето на здравјето особено во овие услови кога се соочуваме со една корона епидемија и особено во овие услови кога се соочуваме со загадување на воздухот кое што завзема енормни размери“, рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Идејата е заедно со луѓето од спортот заедно со луѓето од здравството да ја подигнеме здравствената култура, да го подигнеме значењето на спортувањето и значењето дека нашите граѓани можат сами да се заштитат, сами да се спасат и сами да влијаат на зачувувањето на сопственото здравје, особено во овие услови кога се уште пандемијата завзема големи размери, епидемијата и понатаму е активна, да пратиме апел да се чува сопственото здравје да се почитуваат мерките особено на дистанца и бидејќи се соочуваме со состојба кога епидемиските индикатори се сеуште на високо ниво и сеуште завземаат една состојба на плато, качувањето по планини со цел да се зачува здравјето се многу важни, особено другите спортови кои што се идивидуални спортови кои што можеме да ги практикуваме.

Се надевам дека ова што го правиме ќе стане една традиција и дека заедно за некој извесен период ќе успееме да добиеме индикатори односно да добиеме резултати кои што ќе влијаат на подобрувањето на здравјето на граѓаните и подигнувањето на здравствената култура и подигнувањето на здравствената информираност и едукација. Се надевам дека ќе биде традиција, дека ќе не следите и понатаму минимум со луѓето од спортот еднаш до двапати месечно можеме да организираме настани кои што ќе влијаат на подигнувањето на свеста“, изјави Игор Николов.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски