(ВИДЕО)Николов: Бројот на граѓани кои се во изолација расте, апелираме до јавноста да ги почитува мерките за самоизолација

Од:

На пресконференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, членот на ИК на партијата, Игор Николов рече дека се очекува бројот на заболени на Клиниката за инфективни болести да порасне во секој момент.

„Бројот на граѓани, родители, деца и медицински персонал кои се во изолација расте. Сепак несоодветната информираност и немањето на доволно насоки за постапување може и понатаму дополнително да ја влоши состојбата. Сето ова е поради несоодветниот менаџмент од страна на министерството за здравство и министерот Филипче“, истакна Николов.

Тој додаде дека за да се спречи ширењето на вирусот, многу важно е спроведување и контрола на мерките предвидени за заштита и дека простор за дилетантско однесување нема.

Николов од говорницата ги даде следните предлози до министерот за здравство, Венко Филипче:

1. Да се формира Kризен штаб кој ќе ги информира и потсетува граѓаните на дневна и часовна основа за постапките за заштита од ширењето на вирусот.

2. Да се дадат јасни насоки на сите здравствените работници за постапување за заштита од ширење на корона вирусот.

3. Да се преземат мерки за растеретување на здравствените институции особено оние од терциерно здравство како и да се одложат здравствени процедури кои се елективни.

4. Да се подготви план за ротација на здравствените работници, како и план за вклучување на сите расположиви средства и сите расположиви здравствени работници (млади лекари, пензионери итн) во случај на потреба. План за вклучување и на здравствените работници и ресурсите од приватното здравство.

5. Да се контролира спроведувањето на мерките за изолација, а населението да се потсетува на часовна основа за начинот на постапување за заштита од коронавирусот.

„Повторуваме дека ова треба да се направи ВЕДНАШ бидејќи е многу важно здравствените институции да бидат подготвени да одговорат на ситуацијата. Воедно со тоа ги заштитуваме и пациентите, но и медицинскиот персонал. Министре, бараме веднаш, доследно и навремено спроведување на мерките од страна на сите надлежни институции. Апелираме до јавноста да ги почитува мерките за самоизолација“, додаде Николов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он